Соопштенија

Анекс за продолжување на договорите со аптеките

На денешната средба што се оддржа во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Фармацевтска комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори кој ќе се применува од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе работат на подобрување на содржината на договорот и негова корекција.

Соопштение: Анекс за продолжување на договорите со избраните лекари стоматолози и специјалисти стоматолози

На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Стоматолошка комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари стоматолози и специјалисти стоматолози кој ќе се применува во наредните шест месеци. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.

Соопштение во врска со Анексите за продолжување на договори со избраните лекари

На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Лекарската комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабараториите, кој ќе се применува во наредните шест месеци. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.

Соопштение за избрани гинеколози

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, согласно разговорите и преговорите, а на предлог на Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ),а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните гинеколози и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на седница на Управниот одбор на Фондот одржана на ден 29.07.2018 година

Новости за е-услуги на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување превзема активности за надминување на проблемите кој ги имавте континуирано во изминатиот период поврзани со дигиталното потпишување при користење на web порталот на ФЗОМ на било кој пребарувач со обезбедување на Web базирана компонента за дигитално потпишување.

За сторија објавена на Плусинфо и Слободен Печат на 28 декември 2017

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во врска со написот објавен на Плусинфо и Слободен Печат со наслов „Фондот за здравство сака две возила од по 60.000 евра?!“ ве информира за следново: Во буџетот на Фондот за 2017 година, изгласан од претходниот состав на Управниот Одбор на Фондот, во ноември 2016, беа предвидени 4 милиони денари за набавка на нови возила за потребите на Фондот. Со ребалансот на буџетот за 2017 година, изгласан во ноември 2017 година, оваа ставка беше зголемена на 6 милиони денари.

Известување до здравствените установи и ортопедските куќи во врска со истекот на ЕЗК

Здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, месечните фактури и целокупната финансиска документација за извршени здравствени услуги ги доставуваат до Фондот. Дел од финансиската документација верификувана со дигитален потпис од електронска здравствена картичка (ЕЗК) на овластените лица од здравствената установа, електронски се доставува преку веб порталот на Фондот.