Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
ФЗОРСМ: Пациентите можат да се лекуваат непречено, Фондот се справува со сајбер напад. Би сакале да ја информираме јавноста дека и покрај детектираните технички проблеми и нефункционалности на дел од електронскиот систем, пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.
Зголемување на вредноста на капитациониот бод
Како резултат од разговорите и преговорите со Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година, донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари.
Јавна расправа за промена на законската регулатива за пациентите кои се соочуваат со неплодност
На јавната расправа на тема „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ која се одржа во Собранието на РСМ, организирана од Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување “ До бебе по патот на ИВФ“ свое излагање имаше и директорката на ФЗОРСМ М-р. Магдалена Филиповска -Грашкоска.
Одбележана "Неделата на женското здравје"
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување на уште подобра институционална заштита на жените и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи. На настанот беше претставен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.