Новости КОВИД19
Соопштение - Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар
Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020 на 21.12.2020 година, објавена е Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, со која се воведува новиот образец на Лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV2) -“ЛУ1-COVID-19.
Известување за регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза
По однос на почестите прашања од подрачните служби како и од фирмите за тоа како да се регулира правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за рабоа на вработените лица кои имаат симптоми и се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), на лица кои се во изолација заради спречување на зараза но се асимптоматични (односно немаат знаци на болеста) а за кои е констатирано дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и за лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза но за истите не е потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус)