Права од задолжителното здравствено осигурување

  • Правата од задолжителното здравствено осигурување може да ги оствари само лице на кое му е утврдено својство на осигуреник, односно осигурено лице. 
  • Својството на осигуреник  и осигурено лице се утврдува врз основа на пријава за здравствено осигурување (Образец ЗО-1) што ја поднесува обврзникот за пресметка и уплата на придонесот за задолжително здравствено осигурување, односно лицето кое бара утврдување на својство на осигуреник, односно осигурено лице. 
  • Пријавата за здравствено осигурување се поднесува до Подрачната служба на Фондот  во рок од осум дена од денот на засновањето на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на својство на осигурено лице врз основа на кое е должен да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.
  • По престанувањето на основот на  задолжително здравствено осигурување, обврзникот за пресметка и уплата на придонесот е должен во рок од осум дена  да поднесе  одјава од осигурување.

 

Својство на осигурено лице (основи на осигурување) и потребна документација

Според член 5 став 1 и 2 од Законот за здравствено осигурување, постојат следните наведени основи на задолжително здравствено осигурување на осигурениците. За утврдување на секое поединечно својство на осигурено лице, наведени се неопходните документи за евиденција на осигурениците по соодветен основ во подрачните служби.