Македонски   English   Shqip  


 

 

Почитувани,


 Фондот за здравствено осигурување, заедно со Министерството за здравство и стручната фела, со поддршка на Светската здравствена организација и Светската банка, спроведува процес кој го нарековме „Реформи во примарната здравствена заштита“. Целта на овие активности е подобрување на здравјето на населението преку подобрување на квалитетот на примарната здравствена грижа и обезбедување на сеопфатна примарна заштита.


Стратешка одредба на Фондот е овој процес да прерасне во редовна активност на следење, евалуирање и подобрување на примарната здравствена заштита, со стратешки детерминирани активности, кои се во корелација со целокупната здравствена политика на државата, ставајќи го во фокус здравјето на населението.


Здравствените показатели говорат дека стапката на смртност од хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, дијабет, рак, бубрежни болести) во нашата земја е за 70 % повисока од просекот во Европската Унија. Фактот што Коронавирусот има најсилно изразени последици токму кај лицата со постоечки хронични состојби и заболувања, само уште еднаш потврдува дека сите ние како чинители во здравствениот систем, мораме постојано да се бориме за подобрување на здравјето на населението на долг рок. Матичните лекари се стожер на овие заложби, кои ќе бидат процес, а не момент во времето.
 
Во продолжение на оваа страница, Фондот ќе ги објавува сите релевантни документи поврзани со примарната здравствена заштита. Ќе бидат споделувани одговори на прашањата поставувани од страна на матичните лекари и истите редовно ќе бидат ажурирани.
 
Со почит,
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија 

 

 СООПШТЕНИЈА                                                                                                                  

(09/07/2020)
Известување за воведување на шифрарник на здравствени услуги ...
повеќе
..................................................................................................................................
(09/07/2020)
Концепт за промена на начин на плаќање на ЗУ во ПЗЗ во рамки на процесот на реформи на ПЗЗ ...
повеќе
..................................................................................................................................
(09/07/2020)
Шифрарник на услуги во ПЗЗ со опис и бодови ...
повеќе
..................................................................................................................................
(09/07/2020)
Презентација - РЕФОРМИ ВО ПЗЗ ...
повеќе
..................................................................................................................................

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови

Медиумски поврзани содржини