Македонски   English   Shqip  


 

Договори за социјално осигурување

Со распаѓањето на поранешна СФР Југославија, Република Македонија како нејзин сукцесор со Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија ги прифати како свои сите важечки меѓународни договори на поранешна СФР Југославија. Од ова произлегува дека Република Македонија ги прифати и сите конвенции (спогодби) за социјално осигурување склучени со поранешна СФР Југославија и има обврска доследно да се придржува кон истите и да ги извршува одредбите на овие конвенции.

Во контекст на предходно изнесеното треба да се нагласи дека Република Македонија како самостојна држава има склучено договори(конвенции) за социјално осигурување со: Австрија, Хрватска, Словенија, СР Југославија (Р.Србија и Р.Црна Гора), Турција, Швајцарија, Бугарија, Германија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Полска, Романија, Данска (се чека да стапи во сила), Луксембург и Белгија.

Договорите(конвенциите) имаат за цел обезбедување и заштита на правата од социјалното осигурување при упатување на привремена работа во другата држава договорничка, при привремен престој по други основи, како и при постојан престој на пензионери и нивни членови на семејства и на членови на семејства на активни осигуреници на двете држави договорнички. 

Покрај договорите (конвенциите) склучени се и административни спогодби со кои се уредува начинот и постапката за остварување на воспоставените права со договорите (конвенциите), начинот на пресметување на трошоците, административно правната помош, примената на двојазичните обрасци кои го олеснуваат меѓусебното комуницирање помеѓу носителите на соци­јалното осигурување и осигурениците и друго.

Со оглед дека конвенциите се склучувани во различни периоди и со земји со различни системи на социјално осигурување, а некои од нив и во време кога сеуште не се работело за договорно вработување на наши сограѓани во други земји, прифатени се различни принципи при склучување на истите и постои нееднообразност на решенијата во период на регулирањето на поедини прашања од областа на здравственото осигурување и покрај тоа можат да се издвојат неколку основни принципи на кои се засновани договорите (конвенциите), и тоа:

· еднаков третман на сите осигуреници без оглед дали се домашни или странски осигуреници во поглед на правата и обврските на социјалното осигурување;

· единство на територијата на двете земји договорнички со цел за стекнување, зачувување и повторно воспоставување на правата од областа на социјалното осигурување;

· уживање на правата од социјалното осигурување на товар на земјата кај која лицето е осигурено;

· примена на правните прописи за социјално осигурување на земјата договорничка во која упатениот работник на привремена работа е вработен.

 
Во поглед на здравственото осигурување со западноевропските земји, договорите за социјално осигурување воглавно се засновани на т.н. “принцип на осигурување”, кој подразбира еднаква здравствена заштита на осигурениците од двете држави договорнички, под исти услови и ист обем како за домашните осигуреници, а на товар на надлежниот носител.

Со поранешна Чехословачка (Словачка), Северна Ирска и Англија, конвенциите се склучени на принцип на реципроцитет, кој подразбира користење на здравствени услуги за време на престојот на осигурениците од едната држава договорничка на територијата на другата држава договорничка на товар на државата договорничка на чија територија престојуваат.

Посебна група конвенции за социјално осигурување се конвенциите со Швајцарија, Шведска, Норвешка и Данска, со кои не е придвидено право на здравствена заштита на нивните осигуреници за време на привремен престој во нашата земја како и за членовите на нивните семејства.


До крајот на 1994 година склучени Конвенции и Спогодби за социјално осигурување од страна на поранешна СФРЈ, а кои Република Македонија ги има превземено, се Конвециите со следните земји:

1)    Општа Конвенција за социјално осигурување со Република Франција која е потпишана на 5 јануари 1950, стапила во сила на 1 април 1951 година (Сл.лист на ФНРЈ - додаток бр.4/51);

2)    Конвенција со Владата на Народна Република Унгарија за уредување на прашањата за социјално осигурување на нивните државјани, која е склучена на 7 октомври 1957 година, стапила во сила на 1 јули 1958 (Сл.лист на ФНРЈ - додаток бр.8/58);

3)    Конвенција за социјално осигурување со Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, која е склучена на 24 мај 1958 година, а стапила во сила на 1 септември 1958 година (Сл.лист на ФНРЈ - додаток бр.7/58);

4)    Конвенција за социјално осигурување со Република Италија, која е склучена на 14 ноември 1957 година, а стапила во сила на 12 јануари 1961 година (Сл.лист на ФНРЈ - додаток бр.1/59);

5)     Конвенција за социјално осигурување со Кралството Шведска, која е склучена на 30 март 1978 година, а стапила во сила на 1 јануари 1979 година (Сл.лист на СФРЈ - додаток бр.12/79);

6)     Конвенција за социјално осигурување со Кралството Норвешка, која е склучена на 22 ноември 1974 година, а стапила во сила на 1 септември 1976 година (Сл.лист на СФРЈ - додаток бр.22/75);


Овие Конвенции се во сила се до склучување на нови Билатерални договори за социјално осигурување од страна на Република Македонија.

Поранешна СФР Југославија има склучено и посебни Спогодби за пружање здравствени услуги на дипломатско-конзуларните претставници  и тоа со Русија и Албанија, и истите Република Македонија ги има превземено. 

Од осамостојувањето, Република Македонија ги обнови и склучи нови Билатерални договори за социјално осигурување, со следните земји:

1.    Македонско-Австриска конвенција за социјално осигурување

-          склучена на 28 февруари 1997 година во Скопје

-          ратификувана на 11 јуни 1997 година

-          објавена во “Сл.весник на РМ”бр.28 од 20 јуни 1997 година

-          стапила во сила на 1 април 1998 година;

2.    Договор меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување

-          склучен на 9 мај 1997 година во Скопје

-          ратификуван на 9 јуни 1997

-          објавен во “Сл.весник на РМ”бр.34 од 18 јули 1997 година

-          стапил во сила на 1 ноември 1997 година;

3.    Договор меѓу Република Македонија и Република Турција за социјално осигурување

-          склучен на 6 јули 1998 година во Скопје

-          ратификуван на 5 февруари 1999 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.7 од 10 февруари 1999 година

-          стапил во сила на 1 јули 2000 година

4.    Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за социјално осигурување

-          склучен на 13 јули 1998 година во Љубљана 

-          ратификуван на 25 февруари 1999 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.13 од 4 март 1999 година

-          стапил во сила на 1 април 2001 година

5.    Договор меѓу Република Македонија и Швајцарската конфедерација за социјално осигурување

-          склучен на 9 декември 1999 година во Берн

-          ратификуван на 23 мај 2000 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.44 од 2 јуни 2000 година

-          стапен во сила на 1 јануари 2001 година

6.    Договор меѓу Република Македонија и Кралството Данска за социјално осигурување 

-          склучен на 20 март 2000 година во Копенхаген

-          ратификуван на 9 мај 2000 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.37 од 16 мај 2000 година

-          стапил во сила на……………

7.    Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување

-          склучен на 29 декември 2000 година во Белград

-          ратификуван на 23 јануари 2002 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.13 од 13 февруари 2002 година

-          стапил во сила на 1 април 2002 година

8.    Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Бугарија

-          потпишан на 6 февруари 2003 година во Софија

-          ратификуван на 17 април 2003 година

-          објавен во “Сл. весник на РМ” бр.31 од 5 мај 2003 година

-          стапил во сила на 1 август 2003 година

9.    Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за социјално осигурување

-          склучен на 8 јули 2003 година во Скопје

-          ратификуван на 20 октомври 2003 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.70 од 3 ноември 2003 година

-          стапил во сила на 1 јануари 2005 година

10.  Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за социјално oсигурување

-          потпишан на 17 февруари 2005 година во Сараево

-          ратификуван на 13 септември 2005 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.82 од 28 септември 2005 година

-          стапил во сила на 1 април 2006 година

11.  Договор меѓу Република Македонија и Чешка Република за социјално осигурување

-          склучен на 7 октомври 2005 година во Скопје

-          ратификуван на 10 февруари 2006 година

-          објавен во “Сл.весник на РМ” бр.20 од 17 февруари 2006 година

-          стапил во сила на 1 јануари 2007 година

12.  Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за социјално осигурување

-    склучен на 17 октомври 2005 година во Хаг

-    ратификуван на 

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.20 од 17 февруари 2006 година

-    стапил во сила на 1 април 2007 година

13.  Договор меѓу Република Македонија и Романија за социјално осигурување

-    склучен на 27 февруари 2006 година во Букурешт

-    ратификуван на 28 април 2006 година

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.59 од 12 мај 2006 година

-    стапил во сила на 1 март 2008 година

14.  Договор меѓу Република Македонија и Република Полска за социјално осигурување

-    склучен на 6 април 2006 година во Варшава

-    ратификуван на 26 фебруари 2007 година 

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.27/2007  

-    стапил во сила на 1 јули 2007 година

15.  Договор меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за социјално осигурување

-    склучен на 28 ноември 2006 година во Луксембург

-    ратификуван на 2 април 2007 година

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.47 од 13 април 2007 година

-    стапил во сила на 1 април 2009 година

16.  Договор за социјално осигурување меѓу Македонската Влада и Белгиската Влада

-    склучен на 13 февруари 2007 година во Брисел

-    ратификуван на 1 јуни 2007 година 

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.74/2007  

-    стапил во сила на 1 јуни 2009 година 


17. Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за социјално осигурување

-    склучен на 22 октомври 2010 година во Скопје

-    ратификуван на 8 март 2011 година 

-    објавен во “Сл.весник на РМ” бр.25/2011  

-    стапил во сила на 1 август 2011 година

18. Договор меѓу Република  Македонија  и Унгарија  за социјално осигурување и социјална сигурност. 
- склучен на 20 Ноември 2014 година  во Будимпешта

-ратификуван  на 12 Мај 2015 година

-објавен во ,, Сл. Весник на РМ,, бр.80/2015 година

-Се чека да стапи во сила........

19. Договор меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување         - склучен на  21  Ноември 2014 година во Братислава

-ратификуван на 12 мај 2015 година

-објавен во Сл. Весник на РМ,, бр. 80/2015

-стапил во сила на 1  Декември 2015 година

20. Договор  меѓу Република Македонија и Република Албанија  за социјално осигурување –склучен  на  17 март  2015 година во Скопје

-ратификуван на 22 февруари 2016 година

-објавен во Сл.Весник на РМ бр.38/2016 годинаа

-стапил во сила на 01.06.2016 година

 

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови