Македонски   English   Shqip  


 

Опис на постапка за остварување на правата од задолжително здравствено осигурување

Осигурените лица правата од задолжителното здравствено осигурување ги остваруваат во управна постапка врз основа на уредно доставено барање комплетирано со попратна документација.

Барањето комплетирано со попратна документација осигуреното лице го доставува до Подрачната служба на Фондот каде е пријавено во задолжително здравствено осигурување.

Подрачната служба на Фондот како првостепен орган ќе ја започне постапката за донесување на решение со утврдување на фактичката состојба врз основа на барањето и доказите (прилозите) кон барањето.

 Подрачната служба Решението треба да го изготви во рок од 30 дена, а доколку е потребно мислење од лекарска комисија на Фондот, во рок од 45 дена од денот на доставување на барањето и истото да го достави до странката.

Осигуреното лице против решението на првостепениот орган има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението до Министерот за здравство на Република Македонија кој решава во втор степен.

Против конечното решение на Министерот за здравство може да се води управен спор пред Управен суд на РМ.

Доколку Подрачната служба на Фондот не го донесе Решението за остварување на право од задолжително здравствено осигурување, односно не донесе Решение за одбивање на барањето во законски утврдениот рок подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на законскиот рок за донесување на Решението, да поднесе барање за донесување на Решението преку архивата (писарницата) на Фондот до Директорот на Фондот. 

Барањето се поднесува на пропишан Образец на барање - БД (Барање за донесување  на  решение по поднесено барање за остварување на право од задолжително здравствено осигурување) при што Директорот на Фондот е должен да донесе Решение во рок од 5 дена. 

Сите обрасци на барања за остварување на правата од здравствено осигурување се достапни на шалтерите во подрачните служби и на веб страната на Фондот од каде што можат да се превземаат или електронски да се пополнуваат.

Постапка за остварување на правата од ЗЗЗ
Права на осигурено лице
Решенија за остварување на права од задолжително здравствено осигурување
Потврди за остварување на права и услиги од задолжително здравствено осигурување
Обрасци за осигурени лица
Учество на осигурените лица-партиципација

Б) Ослободување од учество

А) Плаќање на учество

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови