English


 
Намена на порталот

Намена на порталот

Веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е национален портал наменет за осигурениците на Фондот, фирмите, здравствените установи и здравствените работници кои имаат склучено договор за соработка со Фондот.

Целта на порталот е неговите корисници подобро, полесно и побрзо да

пристапат до податоци за своето осигурување, 

да ги завршат своите обврски кон задолжителното здравствено осигурување и 

да остварат услуги за правата кои им произлегуваат од здравственото осигурување.

На почетокот порталот ќе обезбеди дел од услуги кои до сега можеа да се добијат само на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Порталот е поделен на неколку дела според услугите кои ги нуди:

За осигурениците нуди пристап до податоците за личното осигурување и осигурувањето на своите членови, податоци за избраните лекари по општа медицина, стоматологија и гинекологија за себе и за своите членови помлади од 14 години.

За фирмите нуди можност за електронска пријава во здравствено осигурување за лицата за кои има пристигнато М1 пријава од Агенцијата за вработување на Македонија, електронска пријава на нивни членови и одјава на членови. За да се користи оваа услуга овластеното лице мора да поседува електрoнска здравствена картичка.

За здравствените установи нуди можност за проверка на важноста на осигурување за осигурениците кои користат здравствени услуги.

За избраните лекари од општа медицина, гинекологија и стоматологија нуди можност за  електронска ИЛ промена на избран лекар, за следење на евиденцијата на осигуреници со активни ИЛ пријави, следење на евиденција на ИЛ одјави и др.

 
пребарување