Македонски   English   Shqip  


 

Политика за приватност

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд) е посветен на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење.

Во оваа политика за приватност се наведени видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користење на веб-страната на Фондот (www.fzo.org.mk), како и некои од чекорите кои Фондот ги презема за нивна заштита. 

Фондот ја препознава приватноста како важна и затоа обезбедува заштита на личните податоци на физичките лица осигуреници на Фондот како и на сите вработени, добиени по било кој основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат при користење било кои услуги на Фондот.

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-страната значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-страната. Оваа Политика за приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани локално и на веб-страни до кои се поставени врски на веб-страната.

Политиката за приватност на Фондот се заснова врз Законот за заштита на лични податоци.

Пречистениот текст на Законот за заштита на личните податоци, во електронска форма може да се најде на веб-страната на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ
(www.dzlp.mk).

Основни одредби


 Сите лични податоци под контрола на Фондот добиени преку веб-страната се добиени доброволно, преку изречна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.

Личните податоци под контрола на Фондот се користат само за намената за која се собрани, а ако има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со изречна дозвола од нивните сопственици.

Политика за приватност на Фондот е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, согласно договор или закон со договор или закон.

Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-страната на Фондот се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници. 

 Серверски дневници на записи (логови)

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата web страна, нашиот web сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на web страницата. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на web страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на web страницата на Фондот нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на web страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија.

Во случај на криминална истрага, Фондот се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-страната се достапни на органи за спроведување на законот само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-страната, кога дневниците на записи (логови) може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Пораки по е-пошта и коментари

 Кога ја посетувате нашата веб страница и барате информации од делокругот на работењето на Фондот, или пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на вашите индивидуални потреби и да ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. Ние ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за да не дојде до злоупотреба на Вашите лични податоци од страна на трети лица.

На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови