Македонски   English   Shqip  

 

 

А. Осигурените лица учествуваат со лични средства при користењето на здравствени услуги и лекови, но најмногу до 20% од просечниот износ на вкупните трошоци на здравствената услуга, односно лековите.

За здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице учествува со 20% од вкупните трошоци.

Висината на учеството во фиксен износ, обратно пропорционално од цените на услугите, ја утврдува Фондот.

Осигурените лица учествуваат до 50% од утврдената цена на протезите, ортопедските и други помагала и санитетски средства, изработени од стандарден материјал.

Висината на учеството ја утврдува Фондот со општ акт.

 
пребарување