English

 

 

Б. Од учеството согласно член 34 од Законот за здравствено осигурување се ослободуваат:

-  осигурените лица за лекарски преглед кај избраниот лекар и итна медицинска помш на повик;

- децата со посебни потреби, според прописите за социјална заштита;

-   корисници на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство, според прописите за социјална заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство;

-  душевно болни лица сместени во психијатирски болници и ментално ретардирани лица без родителска грижа и

-  сигурените лица кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко-консултативната и болничката здравствена заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство, во износ повисок од 70% од просечната остварена месечна плата во Републиката во претходната година.

Од учеството се ослободуваат и децата до 18-годишна возраст и осигурените лица кои имаат потреба од протези за долни и горни екстремитети, слушни протези, ортооптички помагала и инвалидска количка и од медицински помагала за функција на физиолошките празнења.

Програмите  за превентивна здравствена заштита и за лекување на одделни потешки заболувања кои имаат за цел здравствена заштита за целото население донесени од Владата на Република Македонија ги спроведува и се во надлежност на Министерството за здравство на Република Македонија

 
пребарување