Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерството за здравство во рамките на активностите поддржани од Холандскиот Грант, организира Форум за ДСГ методологија на кој се разговараше за досегашните искуства во имплементацијата на ДСГ системот во Р. Македонија. ДСГ Форумот се одржа на ден 28.06.2010 година (понеделник) во хотел „Холидеј Ин“.