English


 
Видови на решенија за остварување на права од задолжително здравствено осигурување

Правата од задолжителното здравствено осигурување се остваруваат во управна постапка согласно член 31 од законот за здравствено осигурување, врз основа на поднесено барање на пропишан образец комплетирано со пропишана документација (прилози кон барањето).   

Видови на решенија за остварување на права и услуги од задолжително здравствено осигурување и потребна документација 


-Решение за остварување на право на користење на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување

Потребни документи се:

Барање Образец бр-1
(специјализирана мед. рехабилитација); отпусно писмо за завршено болничко лекување од здравствената установа каде е извршено болничкото лекување ; конзилијарно мислење од соодветна болничка здравствена установа во која се лекувало осигуреното лице; наод, оценка и мислење од лекарска комисија; здравствена легитимација на увид

Напомена: Правото на специјализирана медицинска рехабилитација се остварува во рок од два  месеца по завршеното болничко лекување, односно во рок од шест месеци по прележан инфаркт на срцето.

 

-Решение за утврдување на право на надоместок на плата по основ на боледување( болест/повреда/нега)

Потребни документи се:

Барање Образец бр-2 (надоместок на плата- болест/повреда/нега); копија од М1/М2; договор за работа ако од М1/М2 пријавата не може да се утврди видот на работниот однос (определено или неопределено), а за управители- решение од Централен регистар; извештај за привремена спреченост за работа- Образец ИСР ( од избран лекар)-; наод, оцена и мислење од лекарска комисија; отпусно писмо за болничко лекување; потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот- образец НП-1; платни списоци( исплатна листа) на увид со копија од декларација од УЈП и извод за исплатена плата ( се до воспоставување на целосна електронска комуникација со УЈП); изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки ( за правно лице со еден вработен)

 
-Решение за утврдување на право на користење надоместок на плата по основ на бременост, раѓање, мајчинство

Потребни документи се:

Барање Образец бр-3
(надоместок на плата- бременост, раѓање и мајчинство); копија од М1/М2; договор за работа ако од М1/М2 пријавата не може да се утврди видот на работниот однос ( определено или неопределено), а за управители- решение од Централен регистар; извештај за привремена спреченост за работа -Образец ИСР ( од избран лекар); потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот- образец НП-1;извод од книгата на родените за детето ( копија); решение за адаптација- посвојување од Центарот за социјални работи за посвоено дете; платни списоци( исплатна листа) на увид со копија од декларација од УЈП и извод за исплатена плата ( се до воспоставување на целосна електронска комуникација со УЈП); изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки ( за правно лице со еден вработен)

 
-Решение за остварување на право на надомест -рефунадција на средства за патни трошоци ( хемодијализа, вежби за вид, слух или говор

Потребни документи се:

Барање Образец бр-4 (Патни трошоци); потврда за бројот на извршени здравствени услуги во претходниот календарски месец, издадена од здравствената установа каде се извршени здравствените услуги; потврда од здравствената установа каде е извршена хемодијализата дека нема организиран превоз; здравствена легитимација на увид

 
-Решение за остварување на право на рефунадција на средства за купени лекови на рецепт во ПЗЗ- аптека

Потребни документи се:

Барање Образец бр-5 ( надомест на лекови); рецепт за пропишан лек од избран лекар; извештај од специјалист ( субспецијалист) или отпусно писмо со назначена терапија, ако лекот се пропишува по предлог на специјалист односно субспецијалист; потврда од здравствената установа со датум на аплицирање ако се работи за лек во ампуларна терапија; три потврди за дефицитарност на лекот од различни аптеки; фискална сметка и сметкопотврда ( во оригинал) од аптеката која го издала лекот; здравствена легитимација на увид

-Решение за остварување на право на рефунадција на средства за купени лекови од болничката листа

Потребни документи се:

Барање Образец бр-5 (надомест на лекови); извештај или отпусно писмо со назначена терапија (согласно режимот на препишување означен во Листата на лекови); Потврда од здравствената установа за апликација на лекот, согласно Листата на лекови, ако се работи за лек во ампуларна форма; конзилијарно мислење, доколку е потребно согласно режимот на препишување на лекот утврден во листата на лекови; фискална сметка и сметкопотврда ( во оригинал) од аптеката која го издала лекот; здравствена легитимација на увид
 
-Решение за надоместок на трошоци направени за купени материјали за болничко лекување ( вградени материјали)

Потребни документи се:

Барање Образец бр-6
(надомест на вградени материјали); отпусно писмо ( копија); сметкопотврда ( фактура) за набавениот материјал со фискална сметка, во оригинал; здравствена легитимација на увид

-Решение за ослободување од натамошно плаќање на партиципација (учество во трошоците за здравствени услуги) и надоместок на повеќе платена партиципација

 Потребни документи се:

Барање Образец бр-7 ( ослободување од партиципација); потврда за платен износ на партиципација во здравствената установа (фискални сметки, фактура); отпусно писмо;  спецификација (пресметка) за извршени здравствени услуги од соодветната здравствена установа; доказ за вкупните примања во семејството на осигуреникот (примања од плати, пензии, вршење на дејност и сл.); извод на родени за деца од 1-5 години ( копија); лична карта за осигуреници над 65 години ( копија); здравствена легитимацја на увид.

                                                                                                     
-Решение за упатување на болничко лекување во странство (или  контролен преглед

Потребни документи се:

Барање Образец бр-1 ( лекување во странство-болничко лекување); предлог за упатување на лекување во странство од соодветната клиника; медицинска документација за текот на лекувањето; потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување; здравствена легитимација на увид; профактура од странската здравствена установа; согласност за прием од странската здравствена установа; Решение од Министерството за труд и социјална политика- центар за социјални работи, доколку осигуреното лице има својство на дете со посебни потреби.

 
-Решение за надоместок на направени трошоци лекување во странство- итен случај

Потребни документи се:

Барање Образец бр-3 ( лекување во странство- итен случај); мислење од лекарска комисија на ФЗОМ за итноста на случајот и времетраењето на итноста; медицинска документација за извршените здравствени услуги во странство со превод од овластен преведувач; сметки( фактури) за платени здравствени услуги со фискална сметка со превод од овластен преведувач; потврда за платен придонес за здравствено осигурување; здравствена легитимација на увид

 
пребарување

Комуникација со граѓани со одреден вид и степен на попреченост

Преглед на фирми за кои се изготвени електронски здравствени картички

Продажба на недвижeн имот по пат на јавно наддавање