English

DRG -  Diagnosis Related Groups
       


Корисничко Упатство
Упатство и
Процедури
Упатство-Образец 
Прирачник
Меѓународна класификација на болести МКБ-10
Дијагностичко сродни групи
Референтни цени со партиципација во електронска форма (корегирано 06.08.2010)

ДСГ резултати и извештаи

(30.12.2008)
За сите здравствени установи кои пружат болничка здравствена заштита и кои го користат ДРГ-груперот 

Меѓународна класификација на болести МКБ-10

Медицина заснована на докази

web e-mail


 

(01.06.2008)

Вовед

Фондот за здравствено осигурување на Македонија е основан со Законот за здравствено осигурување ("Сл.весник на РМ" бр.25/2000, 34/2000 и 96/2000) заради спроведување на задолжително здравствено осигурување, како институција која врши дејност од јавен интерес и јавни овластувања утврдени со Законот.

Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување.

Врз основа на овластувањата дадени во Законот и делокругот на работа, со Фондот управува Управен одбор, а со работата на Фондот раководи Директорот на Фондот.

Работите и работните задачи Фондот ги изврши согласно Програмата и Планот за работа на Фондот, усвоена на почетокот на годината. Планските активности се спроведуваат согласно реформските процеси во здравствениот сектор, со подршка на Светската банка и се одвиваа во следните насоки:

  • Реформи во примарната здравствена заштита
  • Реформи во специјалистичко - консултативна здравствена заштита
  • Реформи во болничката здравствена заштита
  • Воведување на информациона технологија во здравството
  • Континуирани тековни активности спрема планот и програмата за работа на Фондот за тековната година
  • Фондот врши дејност од јавен интерес и врши јавни овластувања утврдени со овој закон.
  • Фондот има својство на правно лице.
  • Фондот е самостоен во својата работа.
  • Седиштето на Фондот е во Скопје.
  • Фондот има статут.
  • Фондот има единствена жиро - сметка.

Делокруг на работа

Фондот ги врши следните работи:

    1. ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;
    2. со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон;
    3. планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
    4. обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси;
    5. ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги;
    6. ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
    7. ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
    8. ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
    9. договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди базирани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита;
    10. развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување;
    11. ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување;
    12. врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи;
    13. превзема мерки за ефикасно, ефективно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување;
    14. одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и
    15. врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.

Управен одбор

Со Фондот управува Управен одбор.

Управниот одбор се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

  • еден претставник предложен од Министерството за здравство,
  • еден претставник предложен од Министерството за финансии,
  • еден претставник предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија,
  • еден претставник предложен од Стопанската комора,
  • еден претставник предложен од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија,
  • еден претставник предложен од Здружението на пензионерите и,
  • еден претставник на осигурениците предложен од Здружението на потрошувачите.

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.

Делокруг на работа на Управниот одбор

Управниот одбор на Фондот ги врши следните работи:

    1. учествува во утврдување на политиката и развојот на задолжителното здравствено осигурување,
    2. донесува статут на Фондот;
    3. ги донесува општите акти предвидени со овој закон;
    4. донесува програма и план за работа;
    5. донесува акти за организација и систематизација на Фондот;
    6. утврдува Буџет и завршна сметка на Фондот
    7. донесува програма за инвестициони вложувања во здравството врз основа на утврдени здравствени приоритети;
    8. усвојува годишен извештај за работењето на Фондот;
    9. се грижи за остварување на задолжителното здравствено осигурување;
    10. го следи остварувањето на меѓународните договори и меѓудржавните спогодби од областа на здравственото осигурување;
    11. разгледува прашања, извештаи, информации и други материјали во врска со состојбата и проблемите од задолжителното здравствено осигурување и други работи од надлежност на Фондот;
    12. распишува конкурс за именување на директор на Фондот;
    13. основа комисии и други работни тела и
    14. одлучува и за други работи утврдени со закон и статут на Фондот.

Управниот одбор ги донесува одлуките со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови, при што одлуките на Управниот одбор се сметааат за донесени само ако за нив позитивно гласале и претставниците од членот 55 став 3 на овој закон.

Пред донесувањето на општите акти предвидени со овој закон Управниот одбор мора да побара мислење од коморите од областа на здравството, здравствените организации и другите асоцијации.

На актите од став 1 точки 5, 6 и 7 министерот за здравство дава согласност.

Директор

Работоводен орган на Фондот е директорот.

Директорот на Фондот има заменик

За директор на Фондот и негов заменик се именуваат лица со високо образование од областа на економијата, правото, медицината или здравствениот менаџмент и има најмалку шест години работно искуство во областа на финансиите, здравствената заштита или здравственото осигурување.

Директорот на Фондот и неговиот заменик се именуваат по пат на јавен конкурс, за време од четири години, со можност за уште еден избор.

Директорот на Фондот и заменикот на директорот, по спроведениот конкурс од ставот 4 на овој член, на предлог на министерот за здравство, ги именува Владата на Република Македонија.

Директорот на Фондот:

  • раководи со работата на Фондот;
  • го застапува и претставува Фондот;
  • предлага општи акти;
  • се грижи за спроведување на одлуките на Управниот одбор, прописите и општите акти на Фондот;
  • врши и други работи определени со прописите, Статутот и општите акти на Фондот.

Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство ги разрешува директорот на Фондот и неговиот заменик и пред рокот за кои биле именувани:

  • на негово барање;
  • ако настане некоја од причините, поради кои според прописите за работни односи му престанува работниот однос по сила на законот;
  • ако не постапува според закон, Статутот и општите акти на Фондот или неоправдано не ги спроведува одлуките на Управниот одбор или постапува во спротивност со нив;
  • ако со својата несовесна и неправилна работа му предизвика на Фондот значителна штета или ако ги занемарува или не ги извршува своите обврски и поради тоа настанат или би можеле да настанат потешки нарушувања во дејноста на Фондот;
  • ако го попречува или на друг начин го оневозможува остварувањето на правата и обврските од здравственото осигурувањеч
  • одлучи за прераспоределба или ненаменско користење на средства утврдени со Буџетот на Фондот без одлука на Управниот одбор и
  • ако работи спротивно на законот.

Согласност на одлуката за разрешување на директорот на Фондот дава Владата на Република Македонија.

Стручна служба на Фондот

Заради извршување на стручните, аминистративни и други работи Фондот основа единствена стручна служба.
Стручната служба на Фондот се организира заради обезбедување на непречено, рационално и успешно вршење на работите на Фондот, како и достапно остварување на правата од задолжителното здравствено осигурување на сите осигурени лица на територијата на Републиката.

Стручната служба на Фондот се организира во централна служба и подрачни служби.

Статут

Со статутот на Фондот особено се уредуваат:

  • организацијата и начинот на работењето на Фондот,
  • правата, обврските и одговорностите на органите на Фондот,
  • претставувањето и застапувањето на Фондот,
  • јавноста во работењето на Фондот и неговите органи,
  • постапката за избор и разрешување на директор на Фондот,
  • други прашања од значење за работењето на Фондот.

Согласност на статутот на Фондот дава Владата на Република Македонија.

 
пребарување