Македонски   English   Shqip  


 
Соопштение

СООПШТЕНИЕ

За даватели на здравствени услуги

 

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ги  информира давателите на здравствени услуги кои имаат активен договор со Фондот дека договорите за дијализа и специјализирана медицинска рехабилитација, ќе  се продолжат со анекс на договор до 31.12.2020 година. Анексот на договорот ќе биде изготвен и истиот ќе се потпишува електронски со дигитален сертификат од двете договорни страни.
 
За таа цел, здравствените установи треба да ги превземат следните чекори:
 
- Барањата за продолжување на договорите за дијализа и специјализирана медицинска рехабилитација да се поднесуваат електронски преку веб порталот на Фондот верификувани со квалификуван дигитален сертификат на управителот на здравствената установа (директор).
 
 
Здравствените установи кои немаат  важечки дигитален сертификат, истиот треба да го обноват веднаш.
 
Рокот за поднесување на барање за продолжување на договорите со сите здравствени установи започнува да тече од 13.12.2019 заклучно до 18.12.2019 година.
 
Потребни предуслови  за непречено одвивање на процесот на поднесување на барање за продолжување на договор со анекс на договор:
- Овластените  лица  од ЗУ да имаат креирано профил за најава на порталот на  ФЗОРСМ
- Овластените  лица од ЗУ да имаат обезбедено квалификувани сертификати од една од  двете овластени сертификациски куќи во РСМ
- Овластените  лица да имаат направено асоцијација на важечки квалификуваниот  дигитален сертификат
 
Доколку овластеното лице на здравствената установа не поднесе барање за склучување на   анекс за продолжување на договор со Фондот на 01.01.2020 година, ќе ги изгуби привилегиите кои истиот ги има во системот како избран лекар/ лекар специјалист. Во таков случај на профилот на лекарот ќе бидат достапни само  функционалностите  предвидени како и за сите  останати осигурени лица на Фондот.
 
Фондот апелира до сите чинители во здравствениот систем, крајно сериозно и одговорно да пристапат кон процесот на склучување на анекс на договор користејќи  ги поволностите  кои Фондот ги овозможи во име на добрата деловна соработка и  се разбира во интерес на континуирана и квалитетна здравствена заштита за осигурените лица.
 
Активностите кои е потребно да се преземат за да се спроведе процесот на потпишување на анексите на договорите  детално е опишан во  документацијата односно во  Прилог 1, кој е составен дел од ова Известување.

 

Прилог 1: Техничко упатство

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови

Медиумски поврзани содржини