English


 
Потврди за остварување на права и услиги преку ФЗОМ

Видови на потврди за остварување на права и услуги и потребна документација за добивање на тие потврди

 

Врз основа на евиденциите што се водат во Фондот за здравствено осигурување (бази на податоци: на осигурени лица, обврзници на придонес за задолжително здравствено осигураување, издадени ортопедски помагала, исплатени надоместоци и сл), преку подрачните служби на Фондот се издаваат следните видови на потврди: 

 -Заверка на потврда за ортопедско помагало

Потребни документи се:

здравствена легитимација; потврда за потреба од ортопедско помагало издадена од лекар специјалист од соодветна дејност; наод и мислење од лекарска комисија ако за наведеното помагало се бара такво мислење; потврда за платен придонес (сино картонче).

-Потврда - Двојазичен образец за користење на здравствени услуги (давања во натура) за време на постојан престој (живеење) во држава со која РМ има склучено (преземено) договор за социјално осигурување:

Врз основа на потврдата, членовите на семејство на активни осигуреници, пензионерите и нивните членови на семејство, можат да користат бесплатни здравствени услуги (давања во натура) за време на постојан престој (живеење) во земји со кои Република Македонија има склучено (преземено) договор за социјално осигурување.

 
Потребни документи се:

-       Поднесено барање

-       потврда за одјава со постојано место на живеење од Република Македонија, издадена од МВР;

-       уверение за престој - издадено од странската држава (во случај барањето за престој да е во постапка) или копија од лична карта издадена од странската држава (во случај барањето за престој да е конечно);

-       потврда за пренос (трансфер) на пензија од Фондот за ПИОМ (не е задолжително, пензионерот може да овласти лице во РМ за подигање на пензијата).

-        потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.

 

- Потврда – двојазичен образец за користење на бесплатна итна медицинска помош (за право на давање во натура) за време на привремен престој во странство 


Потврдата се издава во случај кога осигуреното лице привремено престојува во странство (приватно или службено).
Врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот, осигурените лица можат да користат бесплатна итна медицинаска помош во земји со кои Република Макединија има склучено договор за социјално осигурување.

Потребни документи се:

-          барање од осигуреното лице;

-          потврда за здравствената состојба издадена од избран лекар ( општ и гинеколог за жени)

-          наод, оценка и мислење од лекарската комисија на Фондот;

-          потврда за платен придонес;

-          доказ за привремениот престој во странство (потврда за упис на редовна школска година, односно упис на семестар -при редовно школување, студиски престој и слично)

 

-Потврда за користење на здравствени услуги на работници упатени на привремена работа во странство (деташирани работници)

Осигуреник кој од работодавачот е упатен на привремена работа во странство, може да користи здравствени услуги во странство врз основа потврда што ја издава подрачната служба на фондот.

Потребни документи се:

-       поднесено барање  од работодавачот за упатување на работници на работа во странство Образец бр. 2

-       решение за упатување на осигуреникот на привремена работа во странство;

-       лекарско мислење за здравствената состојба на осигуреникот што го издава здравствената установа која врши дејност на медицина на трудот;

-       согласност за упатување на работници на привремена работа во странство издадена од органот на управата надлежен за работни односи, односно од Министерството за труд и социјална политика (важи само за испратени работници на привремена работа во СР Германија).

-       потврда за платен придонес за здравствено осигурување

-       здравствена легитимација на увид

 
- Потврда за статус на осигурено лице (дали лицето е здравствено осигурано или не)

Потребни документи се:

Барање од осигуреното лице; здравствена легитимација или лична карта на увид

 
 -Потврда за платен придонес (сини карти)

Потребни документи се:


Доказ дека е платен придонесот (заверена декларација од УЈП)

 
- Потврда за неизмерени обврски по основ на придонес за здравствено осигурување

Потребни документи се:

барање поднесено преку обврзникот за плаќање на придонесот- управителот ( со печат на работодавецот) или осигурено лице за испис од државјанство

-Потврда за платена партиципација во календарската година (до поднесувањето на барањето) и колку останува да плати односно да учествува во трошоците за здравствени услуги

Потребни документи се:

барање; потврда за платен износ на партиципација во здравствената установа( фискални сметки, фактура);  отпусно писмо;  доказ за вкупните примања во семејството на осигуреникот (примања од плати, пензии, вршење на дејност и сл.); извод на родени за деца од 1-5 години ( копија); лична карта за осигуреници над 65 години ( копија); здравствена легитимацја на увид; 

 -Потврда за ослободување на плаќање на партиципација за дете со  посебни потреби

Правото се остварува согласно член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за здравственото осигурување.

Потребни документи се:

барање; Решение за утврден статус (категоризација) на детето со посебни потреби, издадено од Центар за социјални работи


-Потврда за ослободување на плаќање на партиципација за корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита

Правото се остварува врз основа член 34 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за здравственото осигурување, со евидентирање на ослободувањето во здравствената легитимација на осигуреното лице -потврдено со печат.

Потребни документи се:

Решение за утврден статус , од Центарот за социјални работи

 
-Потврда за ослободување на плаќање на партиципација за душевно болни лица сместени во психијатриски болници и ментално ретардирани лица без родителска грижа

Правото се остварува врз основа член 34 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за здравственото осигурување, со евидентирање на ослободувањето во здравствената легитимација на осигуреното лице -потврдено со печат.

Потребни документи се:

Решение за утврден статус, од Центарот за социјални работи

-Потврда за ослободување од плаќање на учество во трошоците за здравствени услуги (партиципација) за крводарители кои дарувале крв над 10 пати.

Правото се остварува врз основа на Програмата за крводарителство, со евидентирање на ослободувањето во здравствената легитимација на осигуреното лице -потврдено со печат.

Потребни документи се:

Потврда од Републичкиот завод за трансфузиологија.  

 
- Потврда за исплатен надоместок на плата - За Годишна даночна пријава ( УЈП)

Потребни документи се:

здравствена легитимација или лична карта на увид

 
- Потврда за исплатен  надоместок на плата – Општа

Потребни документи се:

здравствена легитимација или  лична карта на увид


Мислење за остварување на право за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО)

Потребни документи се:

-  Барање за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО)-Образец 1 со прилог:

- здравствена легитимација на увид,

- копија од лична карта,

- доказ за платен придонес за здравствено осигурување (сино картонче),

- фотокопија од венчаница или изјава за вонбрачна заедница,

- изјава -Образец 4 (И-ПС) и

-  медицинска документација (во оригинал).
 

Остварувањето на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување, се регулира со Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот за плаќање на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко- консултативна здравствена заштита. (Сл. Весник бр.97 од 20.07.2010 година)                    

 
пребарување

Измени на законска регулатива кои се на јавна расправа

Комуникација со граѓани со одреден вид и степен на попреченост

Преглед на фирми за кои се изготвени електронски здравствени картички

Продажба на недвижeн имот по пат на јавно наддавање