Македонски   English   Shqip  


 
Добрeдојдовте

Добрeдојдовте

Фондот за здравствено осигурување на Македонија е основан со Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009,  50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014 и 113/2014) заради спроведување на задолжително здравствено осигурување, како институција која врши дејност од јавен интерес и јавни овластувања утврдени со Законот.

Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување.

Врз основа на овластувањата дадени во Законот и делокругот на работа, со Фондот управува Управен одбор, а со работата на Фондот раководи Директорот на Фондот.

Работите и работните задачи Фондот ги изврши согласно Програмата и Планот за работа на Фондот, усвоена на почетокот на годината. Планските активности се спроведуваат согласно реформските процеси во здравствениот сектор, со подршка на Светската банка и се одвиваа во следните насоки:

  • Реформи во примарната здравствена заштита
  • Реформи во специјалистичко - консултативна здравствена заштита
  • Реформи во болничката здравствена заштита
  • Воведување на информациона технологија во здравството
  • Континуирани тековни активности спрема планот и програмата за работа на Фондот за тековната година
  • Фондот врши дејност од јавен интерес и врши јавни овластувања утврдени со овој закон.
  • Фондот има својство на правно лице.
  • Фондот е самостоен во својата работа.
  • Седиштето на Фондот е во Скопје.
  • Фондот има статут.
  • Фондот има единствена жиро - сметка.
 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови