Македонски   English   Shqip  


 
права од пзз

I. ПРАВА ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

А) ИЗБОР НА ЛЕКАР

Осигуреното лице заради користење на здравствена заштита во примарната здравствена заштита врши избор на лекар во дејност на : општа медицина, медицина на трудот, педијатрија, училишна медицина, гинекологија и општа стоматологија, без оглед на местото на живеење односно на работа.

Како избран лекар се смета лекар вработен во здравствена установа која врши примарна здравствена заштита и кој осигуреното лице го избрало за свој лекар.

Изборот на лекар се  врши:

1. Во дејноста општа медицина избор на лекар можат да вршат сите осигурени лица.
2. Во дејноста медицина на трудот избор на лекар вршат работниците и другите осигурени лица, доколку лекарот од медицина на трудот врши дејност од општа медицина.
3. Во дејноста педијатрија, избор на лекар вршат децата до 6 односно до 14 годишна возраст.
4. Во дејноста уличишна медицина избор на лекар вршат децата од училишна возраст.
5. Децата кои се на школување надвор од местото на живеење избираат лекар и во местото на школувањето.
6. Во дејноста гинекологија избор на лекар вршат жените над 14 годишна возраст.
7. Во дејноста на стоматологијата избор на лекар вршат сите осигурени лица.

Осигуреното лице може да избере лекар и од дејноста на педијатрија и училишна медицина, ако на тоа подрачје нема лекар од соодветната специјалност или ако осигуреното лице така определи.

Изборот на лекар стоматолог се врши од сите лекари стоматолози кои вршат општа стоматолошка пракса освен лекарите по орална хирургија, протетика и ортодонција и други специјалисти, кои вршат специјалистичка дејност.

За децата осигурени лица до 14 годишна возраст, изборот на лекар може да го врши родителот односно старателот.

Изборот на лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор - Промена на лекар).
Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фонот за здравствено осигурување, заради евиденција.

Промената на избраниот лекар се врши со пополнување на нов образец ИЛ-1 како одјава за избор на лекар и нов образец ИЛ-1 како изјава за избор на лекар.

Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување по службена должност може да ја изврши промената со верификација на изјавата на осигуреното лице и доказ од личната исправа, во рок од осум дена од поднесувањето.

Во рок од осум дена од извршената промена на избраниот лекар, подрачната служба на Фондот ги известува избраниот и ново избраниот лекар.

Промена на избраниот лекар, осигуреното лице може да врши најмногу до два пати во текот на една календарска година.

Прегледот кај избраниот лекар е бесплатен.

Осигуреното лице плаќа партиципација само за аплицирана ампуларна терапија кај избраниот лекар.
Осигуреното лице има право на здравствени услуги, со цел за утврдување, следење и проверување на здравствената состојба.

Прегледи кој ги врши избраниот лекар се :

- прегледи по барање на осигуреното лице кои ги врши избраниот лекар според медицински индикации и опфаќаат лекарски физикален преглед, анализа на претходна здравствена состојба,

- упатување на потребни дијагностички постапки,

- упатување на специјалистички преглед,

- дијагностицирање,

- соодветно лекување и ако е  поребно  упатување на болничко лекување,

- пропишување на лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ


Прегледи кај избраниот стоматолог се

- превенција,

- лекување и санирање на болестите на устата и забите.

Превентивните прегледи опфаќаат:

- дијагностика на ризикот за појава на кариес и парадонтопатија

- рано откривање на болести на устата и забите

- аномалии во развојот на вилиците и забите

 
Лекување и санирање на болестите на устата и забите опфаќаат:

 -терапија на кариесот со полнење на предните заби со двокомпонентен композитен материјал и со амалгамски полнења на другите заби, ендодонска терапија со дефинитивно полнење на канали со јдодоформ фосфатен цемент,

- Заболување на парадонтот, терапија на меките ткива,

- Устата и плувачките жлезди

- Вадење на заби


Прегледи кој ги врши избраниот гинеколог се :

- ја следи бременоста и дава совети во врска со бременоста и контрацепцијата

- го води породувањето, кога не е неопходно породувањето да се врши во болнички установи

- превзема мерки и активности за рано откривање на заболувањата кај жените меѓу кои спаѓаат и здравствените услуги со ЕХО преглед



Начин како осигуреното лице да избере лекар



Шифрарник на лекари кои имаат договор со ФЗОМ од примарна здравствена заштита
 

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови

Медиумски поврзани содржини